18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБугаринот Петко Русанов за ТВ21: Бев еден од најгласните, ама не сум...

Бугаринот Петко Русанов за ТВ21: Бев еден од најгласните, ама не сум ги нарекол полицајците „цигани“

spot_imgspot_img

Петко Русанов од Бугарија, кој беше дел од групата која требаше да пристигне на одбележувањето на 151-годишнина од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев во Скопје, го демантира видеото објавено на речиси сите медиуми кај нас, а снимено на 4-ти февруари на граничниот премин и вели дека тој воопшто не ги нарекол „цигани“ полициските службеници на граничниот премин „Деве Баир“.

Како што вели, изненаден бил кога дознал дека неговото име е едно од најспоменуваните во македонските медиуми, поради видео снимка која е манипулативна.
Во видеото, Русанов се кара со полицајците зошто не го пуштаат да влезе во Македонија, а моментот кој е спорен и преведен како „цигани“, тој всушност на полицаецот му вели „сега ми“.

Целата реченица оди вака: „Сакам да отидам на гробот Гоце Делчев, а ти тука сега ми создаваш проблеми за да влезам“

Тој признава дека бил еден од најгласните, но не и од оние кои си дозволиле да ги навредат полицајците.

„Изненаден сум кога дознав дека моето име во моментов е едно од најспоменуваните во локалните медиуми, поради манипулацијата со видео снимката од она што се случи на 04.02.2023 година на бугарско-македонската граница во Деве Баир. Едно е точно – јас бев еден од најгласните, но не и од оние кои си дозволија да ги навредуваат македонските гранични полицајци. Вакви манипулативни видеа се објавени во медиумите кои со години водат насочена антибугарска кампања, и со ова целта е да се оправда грубото самоволие на кое бевме подложни. Им се обраќам со желба да размислат за нивното однесување, бидејќи внимателно следам што се пишува за мене и тоа што некој си дозволува манипулации, нема да го оставам без последици“, вели Русинов.

Тој јасно и категорично кажува дека нема навреди и квалификации кон македонските гранични власти и на ниту еден начин не сум ги прекршил законите на РСМ.

„Исто така повторно констатирам дека секој што ќе си дозволи да манипулира со тоа што се случило оттука натаму ќе има случај против него, за навреда, а тоа што ќе го добијам од ова ќе го донирам на бугарските клубови во Македонија. Започнатиот процес на будење на македонските Бугари не може да се запре и тоа што се случи никако нема да ме спречи да продолжам со активноста на блогот przone.info. Се обраќам и до моите пријатели Македонци:
Браќа, ќе дојде време кога кај Вардар повторно ќе прозвучи „Шуми Марица““, вели Русанов.

Инаку, на 4-ти февруари на граничниот премин „Деве Баир“ во еден период од денот, поради пад на системот за контрола за влез во земјава се чекаше неколу часови, а ситуацијата стана напната и кулминираше со расправии.

Тогаш Русанов бил приведен со уште две други лица, каде освен парична казна, изречена му е и забрана за влез во Македонија во траење од 3 години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...