15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаСветВиститско чудо после 137 часа: Не плаши се, Икранур, не плаши се,...

Виститско чудо после 137 часа: Не плаши се, Икранур, не плаши се, твоите браќа дојдоа да те спасат, го тешат спасувачите младото девојче

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Помина една недела откако разорните земјотреси ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија, а по 137 часа спасувачите пронајдоа жива девојка по име Икранур под урнатините во Газиантеп, а сцената што ја сними камерата во турскиот град Газиантеп го трогна целиот свет.

<

Имено, член на тимот на рудари за јаглен во живо го пренесувал извлекувањето на девојчето, кое поминало 137 часа под урнатините, по што успешно било спасено.

Не плаши се, Икранур, не плаши се, твоите рударски браќа дојдоа да те спасат. Во 137. час бевме сведоци на чудо во Газиантеп Нурдаги“, се наведува во видеото.

На социјалните мрежи постојано се појавуваат видеа од спасување, на кои никој не останува рамнодушен, а од час во час пронаоѓањето на преживеани станува се потешко и поневеројатно, па може да се каже дека во наредните часови, а особено денови, кога ќе се најде преживеан ќе биде вистинско чудо, пишуваат медиумите.

Според некои меѓународни стандарди, седум дена по земјотресот, спасувачите обично престануваат да бараат преживеани и да работат со тешка механизација, која започнува со расчистување на теренот, но спасувачите во Турција продолжуваат неуморно да бараат преживеани.

Бројот на загинати во двете земји денеска надмина 36.000, а десетици илјади преживеани се повредени или без покрив над главата, додека снимките од спасувањата стануваат се поретки и поневеројатни од час во час.
https://twitter.com/tkikurumsal/status/1624724957597995008?s=46&t=RxFebhL0bYFXG0ExK4IHzg ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...