18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКолозова: Делчев и Мисирков немаат соодветно образование

Колозова: Делчев и Мисирков немаат соодветно образование

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Емеинентниот научник од „Северна“ Македонија, Катерина Колозова, вели дека македонските дејци и револуционери како Гоце Делчев и Крсте П. Мисирков, немаат соодветно образование за она што го пишувале за македонската историја, и им препорача на Македонците да читаат учебници од Кембрич. Откако по напишаното доби коментари од оние кои не се согласуваат со неа, во духот на Западната либерална демократија која ја пропагира таа ги избриша сите коментари и напиша: „Многу неписмен народ, затварам за коментари“.

<

Ова се случи откако членот на Президиумот на Левица, спротивставувајќи се на либералниот историски ревизионизам, кој го наметнува интелектуалната клапа, која важи за блиска до власта и своите „институти“ ги финансира директно од Западните центри на моќ. Во својот статус Исмаил напиша:

„И сеа кога еден Прличев, Мисирков па дури и Рацин, се повикуваат на античката историја на македонскиот народ, јас треба да ја слушам Колозова, Џабир, Цветковиќ, што знам, оној Гелевски и тој до него, дека глупи ќе сме биле и заостанати ако ја продолжиме таквата традиција, си ја зачуваме таквата култура и се обидеме да ја унапредиме.“

Овој став објавен од Антропол, беше споделен од Колозова со текст кој го потценува делото на македонските револуционери и нивните историски видувања, наметнувајќи ревизионистички историски видувања, таа напиша:

А бе како да ти кажам, треба да слушаш учебници од Кембриџ за ова, и од Сорбона, не мора мене, Џабир и Ирена – а ни Гоце ни Крсте, оти тие не се класичари, немаат соодветно образование, а и старо им е век и кусур.“

Oва објава наиде на жестока критика во коментари дури и од нејзините следбеници и пријатели на социјалните мрежи, по што следеше демократско бришење на секој коментар, окарактеризирувајќи ги како неписмени сите кои напишаа различно мислење од борецот за „Северна“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...