13.9 C
Ohrid
сабота, април 13, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовските пожарникари се вратија дома-Велат, населението во Турција е во лоша состојба

Тетовските пожарникари се вратија дома-Велат, населението во Турција е во лоша состојба

По една недела активно учество во спасување преживеани и извлекување жртви од урнатините по разорните земјотреси во Турција, пожарникарите од Тетово се вратија дома. Ноќеска се очекува да пристигне во земјава и втората група која беше испратена преку Дирекцијата за заштита и спасување. Спасувачките акции биле тешки, сликите страотни, сведочат членовите на тимот.

ТАМУ СИТУАЦИЈАТА БЕШЕ ХАОТИЧНА, НАСЕЛЕНИЕТО БЕШЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА, НИЕ ИЗЛЕГОВМЕ ВО ПРЕСРЕТ НА СИТЕ ТИЕ ШТО ПОБАРАА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ. ОВА БЕШЕ НАША ВТОРА МИСИЈА ВО ВАКВИ УСЛОВИ, МЕЃУТОА ВО ТУРЦИЈА БЕШЕ ПОИНАКУ, ЦЕЛИОТ ГРАД БЕШЕ УРНАТ И НИ БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ТАА СИТУЦИЈА, ВЕЛИ АВНИ АМЕТИ, КОМАНДИР НА ТППЕ ТЕТОВО.
Градоначалникот, Биљал Касами, им се заблагодари за хуманоста на 9-темина пожарникари од Тетово, кои заедно со уште толку струмички пожарникари се единствени во државата кои поседуваат лиценца за пребарување и спасување од урнатини. По ваквите катастрофи, стануваме свесни дека потребни ни се повеќе обучени лица и во другите општини, вели Касами.

НА НИВО НА ДРЖАВАТА ТРЕБА ПОВЕЌЕ ЕКИПИ ДА БИДАТ ПОДГОТВЕНИ ЗА ДА МОЖАТ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ВО НЕ ДАЈ БОЖЕ ВАКВИ СИТУАЦИИ, РЕЧЕ КАСАМИ.
По глетката од уништените објекти во Турција се поставува прашањето колку објектите во нашата земја можат да издржат посилни потреси, особено дивоградбите. Дури за 3 000 бесправно изградени објекти Општина Тетово одлучува дали да бидат легализирани, а доколку не ги исполнуваат стандардите ќе се рушат, тврди Касами.

ОД 2010 НАВАМУ ИМАЛО РЕШЕНИЈА ЗА РУШЕЊЕ КОИ НЕ СЕ СПРОВЕДЕНИ. ВО МЕЃУВРЕМЕ ИМАЛО НЕКОЈ ОД ТАКВИТЕ ДИВОГРАДБИ КОИ СЕ ЛЕГАЛИЗИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА. ОД КОГА ЌЕ ИМАМЕ ЈАСНА СЛИКА ЌЕ ОДИМЕ ПРЕД СОВЕТОТ ЗА ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ СО ТАКВИТЕ ДИВОГРАДБИ, ЗАТОА ШТО Е ДОПОЛНИТЕЛНА ОДГОВОРНОСТ МОРАЛНА И МАТЕРИЈАЛНА, МОЈА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК ДА НЕ ДАЈ БОЖЕ СЕ СЛУЧИ ТАКВА СИТУАЦИЈА, ВЕЛИ КАСАМИ.
Во Турција веќе се бараат причините за целосното уништување на неколку десетици илјади објекти, под чии урнатини загинаа над 40 000 граѓани.

Телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски го нарече Пендаровски кукавица..

На митингот на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова во Тетово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека Стево Пендаровски и СДСМ ништо не зборувале за извештајот...

Пендаровски убеден дека ќе победи: Точно за еден месец од денеска започнува мојот втор мандат

Пред жителите на Карпош вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски повтори дека без остаток беше и ќе остане претседател за сите. Ова, како што рече...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ елита во Копер–Словенија

Македонската Традиционална Таеквонд-о Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ елита во Копер–Словенија Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски...

Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата 7. Ноември во Охрид.

Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму започнаа активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање. Претходно на...