21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаКожувчанка побара јутјуберот Лазаров да го тргне нивното лого по скандалозната емисија...

Кожувчанка побара јутјуберот Лазаров да го тргне нивното лого по скандалозната емисија со Латас!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Компанијата Кожувчанка, кој производ е и популарниот Синалко, а чие лого е истакнато кај јутјуберот Стефан Лазаров, бара тој да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

<

Првиот човек на Кожувчанка, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со Синалко најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.

Кожувчанка, односно Синалко е компанија која е општествено одговорна и каде се води грижа за општеството од секој аспект. Не го спонзорираме шоуто на јутјуберот Лазаров, а по емисијата во која се зборува за насилство над девојки и жени, веднаш бараме тој да го тргне нашето лого. Остануваме доследни на нашите начела и ја даваме поддршката на проекти за кои веруваме дека се општествено корисни – порача Јанчев.

Тој е првиот чија компанија јавно се огради од Лазаров. Помеѓу спонзорите истакнати кај него, има голем број на познати компании, но ниту една од нив досега се нема огласено по повод настанот кој ја бранува јавноста.

Пишува Вики Клинчарова ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...