8.3 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаМакедонијаАнализите открија опасна бактерија-Обвинителството отвори предмет за болничка смрт на двајца пацинети...

Анализите открија опасна бактерија-Обвинителството отвори предмет за болничка смрт на двајца пацинети во прилепската болница

spot_img

Дали има кривична одговорност кај вработените за смртта на тројца пациенти кои се лекуваа во Прилепската болница, ќе проверува Основното јавно обвинителство, кое оформи предмет за овие случаи. ОЈО ја побара целокупната документација за 48 годишна пациентка и за уште едно машко лице, кои по извршени оперативни зафати во болницата, добиле интрахоспитална бактерија од која починале. Исто така, прилепското обвинителство ја проверува информацијата за 30 годишен пациент на Одделот за неврологија, кој десетина дена бил лекуван со погрешна терапија, по што ќе биде донесена јавнообинителска одлука

<

Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Општа болница Прилеп. Издадена е и наредба до МВР да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите“, се наведува во информацијата од ЈОРМ
Сите операциони сали во Болницата во Прилеп се затворени и пријавена е интрахоспитална инфекција, откако кај пациентката била изолирана бактеријата Staphylococcus epidermidis, потврдуваат од ДЗСИ. Како што информираат од болницата, веднаш и била дадена соодветна терапија, но соостојбата и се влошила, по што е префрлена на лекување на Клиниките во Скопје каде почина. Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница.

Земени се примероци од нежива средина и од здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операционите сали. Од земениот примерок за хемокултура добиен е позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција , информираат од ДЗСИ.
Телото на пациентката е предадено на обдукција и се чека наодот, дали бактеријата е причина за смртта. Исто така се чекаат резултатите од земените брисови во операционите сали и кај медицинскиот персонал во Болницата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младиот херој Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20...

Состојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

По многуте шпекулации околу здравствената состојба на Владимир Блажев - Панчо од ДНК, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,...

Општина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински...

Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани....