8.9 C
Ohrid
недела, ноември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве како МВР ќе постапува при дојава за бомби…

Еве како МВР ќе постапува при дојава за бомби…

Во сила се нови упатства, мерки и планови за справување со кибер заканите, според кои по проценка на ризик ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата. Се преземаат истражни дејствија за секоја дојава што пристигнува, а веќе има сознанија дека дел од нив потекнуваат од земјава, но и од ВПН адреси во Русија и Иран.

Како што истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, состојбата е целосно под контрола, а полицијата ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. -Сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место.

Тој посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново упатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство. Истражните постапки, посочи тој, веќе имаат одредени сознанија за тоа од каде доаѓаат лажните закани.

Државниот интерес треба да биде приоритет на сите министри и заменици во оваа техничка Влада и тука нема дилема, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој вечерва пред почетокот на вла

-Генерално последните неколку дена според форензиката што се прави во МВР дојавите одат преку ВПН (виртуелни приватни мрежи) адреси, меѓутоа почетните се јавуваат од Иран и Русија. Важно е да се истакне дека тие ВПН адреси се платени преку крипто-валути, што дополнително ја отежнува можноста да се утврди точниот извршител на ова кривично дело. Имаме веќе изолирано во истражната постапка одредени сознанија за луѓе кои тоа го правеле и од територија на Република Северна Македонија. Таа истрага е во напредна фаза и кога за тоа ќе дојде моментот, ќе ја информираме јавноста, изјави Спасовски.

Согласно со новите протоколи, Спасовски посочи дека МВР ќе известува доколку има каква било реална закана, додека се останато, како нереални закани со низок степен на веројатност, ќе се пренесуваат до степен, до кој што треба да бидат пренесувани.

– Основата на тероризмот е токму сензационалноста. Ако ја сузбиете сензационалноста, го намалувате и нивото на овие закани, рече Спасовски.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат децата од какви било дојави за бомби.

-Ние постапуваме, не размислуваме. Веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат од какви било дојави. Тоа е направено заедно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална работа во делот на градинките како да ги заштитиме и во случај да има дојави како безбедно да излезат децата од објектите, рече Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“.

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, во врска со дојавите за бомби во училиштата, кажа дека најважно од се е да се продолжи да се почитуваат насоките што МВР ќе ги дава, за на најдобар можен начин да бидат заштитени граѓаните.

-Прво, очекувам за брзо време да има одредени резултати не во поглед на истрагата, тоа си е работа на полицијата и на обвинителството, меѓутоа во поглед на смирување на состојбата кај граѓаните затоа што најважно од се е да продолжиме да ги почитуваме насоките што МВР ќе ги дава на најдобар можен начин да бидат заштитени граѓаните. Доколку успееме да покажеме дека нивото на закана е навистина ниско, учениците, наставниците, родителите ќе бидеме многу посмирени и ќе можеме на многу посоодветен начин да бараме решенија како да се воспостави подобра контрола врз целиот процес затоа што овде не сме сами. Многу земји се загрозени. За жал, во изминативе половина година Македонија навистина е изложена на сериозни закани. Ова е хибридна војна, оцени Дујовски.

Одбивањето на францускиот предлог ќе значи ретроградни процеси коишто можат да не оддалечат и повторно да не остават сами. Во таа ситуација членството во НАТО може да помогне, но сигурно нема

Во однос на техничкиот дел, Факултетот за безбедност и МВР тесно соработуваат по многу прашања, меѓутоа, вели, овде станува збор за исклучително сензитивна тема во која што треба врвни професионалци во делот на информациските технологии.

-Сигурен сум дека со помошта и меѓународна и домашните експерти ќе успееме барем да го контролираме овој процес. Најважно од се е граѓаните да бидат убедени и да бидат спокојни. МВР и досега се покажа дека ги презема сите потребни мерки да не дојде до несакани последици, рече Дујовски.

Тој оцени и дека со новите протоколи ќе се олесни работата и на училиштата затоа што, посочи, училишната година се приближува кон крајот, треба да се исполнат одредени услови, меѓутоа и на полициските службеници коишто со ограничени ресурси мора понекогаш во еден ден да направат и 30 безбедносни проверки на 30 различни локации.

Од 19 октомври минатата година заклучно со вчера со лажните дојави во земјава биле опфатени повеќе од 520 објекти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...

По обидот за убиство, Штекли го изгуби кучето – нуди награда од 200 евра

По обидот за убиство, Раде Трајковски Штекли доцна синоќа се огласи на социјалните мрежи. На неговиот профил на Инстаграм тој упати јавна молба со...