20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски за вооружениот напад под Кале: Македонската полиција е тука и бурно...

Спасовски за вооружениот напад под Кале: Македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секој оној што се занимава со криминал ќе мора да носи одговорност за сето она што ќе го направи, а македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

<

Околу завчерашниот вооружен напад под Кале, Спасовски рече дека е можно да станува збор за пресметка во рамки на една криминална структура или со други криминални групи, што ќе треба да го утврди истрагата.

– Спроведуваме опсежна оперативна активност, наречена „Безбеден град“ и таа активност е насочена токму кон такви криминални структури. Сето она што го преземаме, го преземаме за да се спречат рекетирања, закани, уцени и продажба на наркотични средства и оружје низ целиот град. Заради граѓаните, заради сите што заслужуваат мир и спокој полицијата продолжува со оперативната активност, рече Спасовски во одговор на прашање на МИА .

Министерот порача дека поддржувачите на криминалните структури во сите сфери на општественото живеење се повеќе се разочаруваат затоа што полицијата нема да дозволи некој да биде амнестиран за криминалот што го сторил.

Тој додаде дека истрагата околу инцидентот под Кале бара темелно утврдување на факти и докази и МВР ја спроведува во соработка со јавното обвинителство и дека сето она што ќе се утврди како факти, доказ и аргумент во моментот кога ќе биде завршена истрагата ќе и биде соопштено на јавноста.

фото: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...