22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопски паркинг наплатил казна за возило од Велес со налепница за хендикепирани...

Скопски паркинг наплатил казна за возило од Велес со налепница за хендикепирани бидеќи не биле од Скопје…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со фотографија од ставената канџа на нејзиниот автомобил и фискална сметка за платена казна од 3.000 денари, велешанката Билјана го обвини Градски паркинг-Скопје за дискриминација бидејќи со својот фолксваген со налепници за хендикепирани лица паркирала на така обележано паркинг место кај Транспортниот центар, но добила казна затоа што имала велешки таблички.

<

Таа со блиските била на болница во Скопје, но била пречекана со заробено со канџи сопствено возило иако била паркирана на соодветна локација.

-Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:”Aма вие сте од друг град” ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:” Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск”..чудно ме гледа., напиша Билјана на ФБ.

Вработениот во Градски паркинг имал сопствено објаснување зошто хендикепираните од други градови не смеат да паркираат на паркинг места за хендикепирани во главниот град.

-Второ велам: “Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи,си пративме порака..и покрај тоа пак блокада”..на тоа ми одговара: “Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи”.Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило,иако си од друг град/држава,па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!, реагира Билјана од Велес.

Вработениот се јавил во централата и таму му кажале дека без разлика што како хендикепирани се паркирале на место за оваа ранлива категорија на наши сограѓани сепак мора да платат казна. Претходно Билјана си платила за паркирањето преку СМС порака.

Казната за овој дрско определен прекршок била вкупно 3.000 денари или 50 евра, па Билјана за да си замине дома во Велес си ја платила казната.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...