20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаИсториска судска победа на македонскиот јазик во Грција !!!!

Историска судска победа на македонскиот јазик во Грција !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство ја известува јавноста дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација, велар од Центарот за Инфомакс.

<

Потсетуваме дека на 27.07.2022 година, барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од “трети заинтересирани страни” за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија.

Првото од судењата беше одржано на 16 февруари 2023год. Во атмосфера исполнета со тензии, дополнета и сопреполни судски сали, Центарот за македонски јазик гипретстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и сопрезентирање на докази за признавањето на македонскиотјазик од страна на грчката државата пред повеќе од еденвек.

Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од “Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија” и “Панхеленското здружение на потомците на македономахите – Павлос Мелас”, како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“. Горенаведените барања беа одбиени како неосновани, додека еден дел од нив беа квалификувани и како целосно неприфатливи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...