19.9 C
Ohrid
вторник, април 29, 2025
ПочетнаМакедонијаБујар Османи доби златен АЈФОН со дијаманти

Бујар Османи доби златен АЈФОН со дијаманти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при посетата на Кралството Јордан, од домаќинот доби подарок добил златен „ајфон 14“ со дијаманти, а делегацијата што го придружуваше била дарувана со златен накит, дознава „А1он“ од високи дипломатски извори.

<

Во рамките на првата работна посета на Хашемитското Кралство Јордан, која се случи кон крајот на октомври минатата година, министерот Османи оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво, Ајман Сафади, како и со министерот за земјоделство, Халид Ал-ханифат, потпишувајќи неколку билатерални договори со оваа земја.

Османи добил подарок телефон од најновата серија на „ајфон“, I-phone 14 gold diamond, кој во малопродажба чини од 2.700 до 6.000 евра, во зависност од видот на скапоцените камења. Дипломатите што патувале со него добиле златен накит.

Десетина луѓе во делегацијата добиле златен накит, односно златни синџирчиња, а министерот добил подарок телефон со дијаманти. Тоа се многу скапи подароци. Можеби владините министри на Кралството Јордан имаат таква традиција да подаруваат скапи подароци, но ние немаме законска можност да примаме како дипломати такви луксузни предмети“, открива дипломатскиот извор.

Секторот за протокол во Министерството за надворешни работи три дена молчи за подароците што ги добиле министерот и делегацијата на МНР при посетата на Јордан и не одговара и дали вредноста на подароците добиени при посетата на Кралството Јордан е во согласност со нашите закони, кои го регулираат тоа прашање.

„Кога ви доаѓаат високи делегации или одите на официјална посета, во тимот на делегацијата има т.н. гифт-офицер, односно лице задолжено за подароците како дел од протоколот. Пред посетата на висока делегација тој има задача да комуницира со гифт-офицерот од гостинската делегација и да договори дали ќе се даваат подароци. Ако се даваат, се напоменува до која вредност, со цел да има сразмерен однос. Ова е дипломатска пракса насекаде во светот со цел да не се доведе министерот или амбасадорот во незгодна ситуација“, објаснуваат дипломати за „А1он“.

Според член 73 од Законот за надворешните работи, дипломатскиот службеник не треба да прима подароци и други материјални средства, освен вообичаените лични подароци од мала вредност во согласност со прописот.

Законот за вработените во јавниот сектор го регулира и прашањето што се однесува на примање подароци. Според член 39 од овој закон, вработените во јавниот сектор не смее да примаат подароци поврзани со нивната работа со исклучок на протоколарни и повремени подароци од пониска вредност.

„Подароци што не ја надминуваат вредноста од 1.000 денари или подароци добиени од иста личност чија вкупна вредност не надминува 3.000 денари во дадена година, се сметаат за подароци од пониска вредност. Подароци, пак, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности се сметаат за протоколарни подароци“, стои во член 39 од овој закон.

Арапските земји имаат традиција да подаруваат скапоцени подароци, но во Европа се доделуваат симболични подароци на секој член од делегацијата, но и во двата случаја не се лични, туку остануваат во сопственост на министерството или амбасадата. Голем дел од странските амбасади со добиените подароци организираат лотарија за да си ги поделат подароците“, коментираат дипломати за „А1он“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

72 годишен Кичевчанец силувал 14 годишно дрвојче !!!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило...

Големо дерби на клубовите на Македонскиот Илинден и Олимпик во Сиднеј

Екипата Фудбалскиот клуб на Рокдајл Илинден од Сиднеј во Недела на 4 ти Мај ќе биде домаќин на екипата на ФК Сиднеј  Олимпик ....

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот...

По 24 години, Кико го прегрна местото на татковата последна битка Со тешко срце и солзи што не можеа да се задржат, синот на херојот...

Почина проф. д-р Миле Димитровски, доајен на научната мисла на машинството во Македонија

Машинскиот факултет и инженерската заедница во жалост Почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во пензија и истакнат доајен на научната мисла...