13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаНа покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата – сведочи...

На покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата – сведочи таткото на шестгодишната Јана која почина во битолската болница

spot_imgspot_img

Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почна во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари.

Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома повратила.
Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но ,исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта ѝ се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на болница. При првиот преглед на крвта шеќерот ѝ беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи, сведочи таткото Стојче Христовски.

По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат. Повеќе тука

Фото:Зелена Берза

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...