16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчанец побарал вода во кафуле, добил корозивно средство, со труење и во...

Битолчанец побарал вода во кафуле, добил корозивно средство, со труење и во лоша здравствена состојба завршил на Токсикологија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четириесет и петгодишен битолчанец пред два дена завршил на скопската Клиника за токсикологија во лоша здравствена состојба, потврди директорот на болницата, доктор Ридван Бајрами во изјава за „Фокус“.

<

Според првичните информации, пациентот тврдел дека во кафуле во Битола побарал кисела вода и се отрул откако се напил само една голтка.

Вели „се напив една голтка и осетив дека не е вода“. Интоксикација со корозивно средство има пациeнтот. Не знаеме како е дојдено до тоа, но таква изјава дава, дека бил во кафуле и кога ја отворил водата, од првата голтка почувствувал дека тоа не е вода“, објаснува доктор Бајрами.
Тој додава дека полицијата и обвинителството веќе се известени, а каква ќе биде здравствената состојба на пациентот, тек ќе се следи.

„Во системот има корозивно средство, почнати се испитувања, пациентот е на опсервација. Со овие средства, последиците се чувствуваат подоцна, така што мора да се набљудува. Кај нас е на интензивна нега. Засега не можеме да кажеме ништо, само ќе ја следиме неговбата состојба“, вели за Фокус, директорот на болницата.
Корозивите се група на хемикалии кои имаат својство да предизвикаат повреда на ткивата при контакт со хемиска реакција.

Тие најчесто влијаат на гастроинтестиналниот тракт (ГИТ), респираторниот систем и очите. Корозивите и каустиците се синоними, и двете значат „нешто што јаде“. Киселините и алкалиите се двата примарни типа на агенси кои најчесто се одговорни за каустична изложеност.

Изложеноста на корозивни агенси продолжува да биде водечки токсиколошки извор на повреда за деца и возрасни. Просечен дом содржи десетина различни производи за чистење. Овие отпаѓаат на голем број случајни и намерни труења.

Ирена Мулачка Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...