0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаОд чистачки станаа медицински сестри- Бешлиовска говори за Фактор

Од чистачки станаа медицински сестри- Бешлиовска говори за Фактор

spot_img

Дејноста на медицинските сестри е од исклучително значење за здравствениот систем на секоја држава, но начинот на едукацијата има огромно влијание врз квалитетот на понудените услуги, вели во разговор за Фактор, м-р Гордана Бешлиовска, претседателка здружението „За нас“ и на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС). Според неа станува збор за струка која не може и не смее да се заврши вонредно, а единствено што произлегува од ваквиот тип на образование е хиперпродукција на недоволно квалитетен медицински кадар.

-Има случаи на преквалификување од сите можни професии, кои вонредно завршувале во повеќе школи низ Македонија. Велат дека сега им се укинува уставното право за неформално образование кое го нуди Работничкиот дом „Кочо Рацин“, но на ова навистина мора да се стави крај, особено што тие на некаков начин ќе ја добијат дипломата, но немаат никаква практична настава. А најмногу преку праксата се стекуваат со квалитетни вештини кои се потребни за работа низ болниците. Најмногу има преквалификации на кадар вработен во болниците и другите здравствени установи и тоа од работни места како што се администраторки, хигиеничарки, болничарки, бидејќи при запишување немаат никакви услови, станува збор за неформално образование… Ние не сме против никого, секој си бара место под сонцето, меѓутоа хиперпродукцијата може само да донесе неповратна штета на македонскиот здравствен систем, вели Бешлиовска.

Посочува дека е особено загрижувачки тоа што голем дел од болниците отвораат работни места за медицински сестри со средно школо и кои влегуваат на работа со договори на дело.

-На нив тоа им одговара, тие за една година стекнуваат работно искуство и потоа си заминуваат во странство. Истовремено, бидејќи се вработени само со договори на дело при што не им тече стаж, како и пензиско и здравствено осигурување, Агенцијата за вработување брои 2.000 невработени медицински сестри, што не е точно. Имаме 1.700 низ болниците кои работат со договор на дело и откако ќе се стекнат со доволно вештини си заминуваат од Македонија, нагласува таа.

Според неа, потребни се национални програми кои ќе резултираат со трајно решение за овој долгогодишен проблем во дејноста на медицинските сестри.

-Корона пандемијата беше добра опомена колку светот се соочува со потреба од квалитетни медицински сестри, но за жал досега проблемот упорно не се решава. Проекциите на Светската здравствена организациуја се дека до 2030 година на глобално ниво ќе има недостиг од девет милиони медицински сестри, а еве каде е 2030 година. Од тие причини инситираме да се воведат сериозни образовни програми, бидејќи во спротивно се соочуваме со целосен колапс на здравствениот систем, оценува Бешлиовска.

ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА- ФАКТОР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...