15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчанецот е во стабилна состојба, но ќе има последици: Дали во кафулето...

Битолчанецот е во стабилна состојба, но ќе има последици: Дали во кафулето испил детергент за садови наместо кисела вода?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во стабилна состојба е битолчанецот кој во кафуле побарал кисела вода, а се сомнева дека му донеле и испил детергент за перење на садови. Но, веројатно дека ќе останат последици по неговото здравје. Ова за „Макфакс“ го посочува докторот и директор на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами. Тој вели дека состојбата на 42-годишникот е подобрена, споредено со од пред два дена.

<

 

Во тек се испитувања. Има некои хемиски состојки, кои ќе треба да потврдат, а однесени се за анализирање на Судска медицина“, вели директорот Бајрами, прашан што испил пациентот, поради што за момент му се влошила состојбата.

 

 

 

Прашан дали станува збор за детергент за миење садови, директорот додава: „Не можеме да го кажеме тоа така, ние првично така го примивме, дека консумирал средство за миење садови во машина“.

Пациентот веќе има оштетувања на хранопроводникот и желудникот. Медицинскиот тим на Клиниката ќе се бори за да не дојде до компликации.

„Веројатно е да има последици со хранопроводот и желудникот. Ќе видиме како ќе оди од тој аспект. Нека помине акутната фаза, па потоа ќе се справуваме со компликациите“, додава директорот на Клиниката за токсикологија за „Макфакс“.

Прашан дали овие компликации кај пациентот може да се доживотни, тој вели тоа ќе зависи од степенот од оштетувања.

„За жал се зависи до кој степен е стигнато. Која фиброза, дали ќе треба интервенција, дали гастро-конзервативно ќе се третира, ќе видиме потоа. Сега се бориме оваа фаза да се надмине. Сега е стабилен, не можеме ништо да кажеме. Хранопроводот може да перфорира ако е некроза, па да направи мемедијастинит, плеврит, и така натаму“, додава Бајрами за „Макфакс“.

Случајот е пријавен во полиција од страна на сестрата на битолчанецот. Според пријавеното, тој испил кафе и побарал пакувана вода, а кога ја испил течноста, му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...