20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАгим Нухиу во Кочани: Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата...

Агим Нухиу во Кочани: Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата во шамија !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Кочани, ако имаш шамија не можеш во училиште.
Заменик министерот за правда на лице место. Никој не е над законот!
Родителите кажаa дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани!
Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи!
Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата! Никој не може да биде над законот!
Правда и достоинство за сите!
Агим Нухиу, заменик министер за правда..

<

Шамија може во џамија да носиш, а во училиште ти е забрането“, со овие зборови и се обратија класната раководителка, а подоцна и педагогот и психологот на шестооделенката Алејна Исмаиловска која реши да носи марама, во основното училиште „Малина Попиванова“, Кочани.

Таткото Енѓул Азизов, за ЦИВИЛ вели дека откако отиде во училиштето да побара објаснување зошто неговото девојче не смее да носи марама, која впрочем ја носи заради Рамазанскиот пост (само еден месец), беше брутално исфрлен од училиштето од педагогот со зборовите: „Излезете надвор и ако девојчето дојде утре со шамија во училиште нема да ја примиме. Ќе ми носите шамии тука… ова не е Скопје или Тетово“.

По заканите дека нема да и се дозволи на Алејна да посетува настава ако продолжи да носи марама, денеска во училиштето „Малина Попиванова“ во Кочани беа Заменик министерот за правда, Агим Нухиу и Државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи кои разговараа со директорот Благој Петров и донеле заклучок дека ученичката Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата со шамија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...