24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПобеди младата мајка Филимена, која ја избркаа од работа додека беше на...

Победи младата мајка Филимена, која ја избркаа од работа додека беше на породилно и ѝ ги бараа парите назад.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

TOP NEWSПОБЕДИ МЛАДАТА МАЈКА ФИЛИМЕНА, КОЈА ЈА ИЗБРКАА ОД РАБОТА ДОДЕКА БЕШЕ НА ПОРОДИЛНО И Ѝ ГИ БАРАА ПАРИТЕ НАЗАД
Младата мајка Филимена Бошковска Мишевска, која доби отказ среде породилно отсуство и барање да ги врати на државата парите од породилното, извојува победа во спорот, со помош на здружението Гласен текстилец.

<

По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно одсуство и да не врати ни денар на Фондот за Здраство како што беше наложено во решението на ФЗО,“ велат од здружението.

Бошковска работела речиси до крајот на бременоста, а нејзиниот газда од компанијата „ЛДИ Димотранс Македонија-Дооел Скопје“ бил информиран дека таа ќе замине на породилно отсуство. Жената поднела документи до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за исплата на деветмесечниот надоместок за плата додека е на породилно. Таа прво се соочила со подолго доцнење на исплатата за два месеци, за откако парите конечно и легнале на сметка, да добие барање од ФЗО да ги врати назад за последниот месец, бидејќи била одјавена со отказ.

Јас се збунив. Беше шок затоа што знам дека законски не смее да има отказ. И се јавив таму, они – тоа ти е, не можеш ништо. Секаде (ми велеа) не можеш ништо и почнав да праќам мејлови…Тоа е лавиринт. Еден ти вели повреден е Законот за работни односи, оди во Трудова(инспекција). Трудова – до тука ни се ингеренциите и заглавуваш. Добиваш совети- плати адвокати и оди на суд ќе добиеш. А поената да докажуваш право кое е основно, нема логика“, рече Бошковска кога случајот излезе во јавноста.

Од Гласен текстилец велат дека се надеваат оди и останатите институции, како што е АВРМ и ФЗО, ќе бидат претпазливи и ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.

„Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата“, велат од здружението.

Линк https://rb.gy/de49

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...