8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас сум задоволен од сработеното, до сега имаме нарачано над 2...

Заев: Јас сум задоволен од сработеното, до сега имаме нарачано над 2 милиони вакцини.

spot_imgspot_img

Дефинитивно недоволниот капацитет на продукција и на фајзеровите и на сите други вакцини во светот е причината за доцнењето на вакцините кај нас. Верувам дека се навистина денови во прашање. Нашата земја има преземено се што е неопходно за да може час поскоро да набавиме вакцини, нагласи премиерот Зоран Заев при денешниот увид на изградба на детска градинка и центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу вакцинацијата за Ковид-19 во земјава, нагласи дека секако не сме членка на Европската Унија и сме надвор од земјите членки на ЕУ и во такви околности, како што рече, сме преземале дејствија коишто значат склучување на договори, склучување на анекси на договори, некаде дури и авансирање пари се со конечна цел да ги склучиме договорите со сите постоечки вакцини.

Тој посочи дека последната на којашто се работи е вакцината на Астра Зенека.

– Значи ги имаме преземано дури и чекорите на линија на црвената граница во функција на количините, дури и ако треба да поминат количини кои на крајот не би се имплементирале, но да имаме нарачки на крај. Така беше последната нарачка за стоте илјади спутникови вакцини, но секако имаме дуплирани нарачки од Кина, 200 по 200 илјади вакцини, осумстотини илјади преку Ковакс механизмот, 833.000 директно со Фајзар којшто се склучени, договорите кои што ги имаме со ЕУ заради Западен Балкан… Кога ќе ги правите пресметките поминуваме преку два милиони вакцини. Проценките беа милион, значи сме направиле се што треба да направиме, нагласи премиерот.

Заев посочи дека Фајзер најавиле дека прво ќе добие вакцина Албанија, потоа Македонија, потоа Црна Гора, Косово и БиХ.

– Видовме во Албанија стигнаа вакцините, овие денови очекуваме првите пратки од директниот договор со Фајзер да стигнат кај нас, потенцираше премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...