17.2 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСтрушкиот адвокат Ќатоски поднесе иницијатива минималната плата да биде колку основицата на...

Струшкиот адвокат Ќатоски поднесе иницијатива минималната плата да биде колку основицата на Функционерите !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струшкиот адвокат Глигор Ќатоски до парламентарните партии поднесе иницијатива за измена на членот 11 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со која основицата за пресметка на платата на функционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година. Според него, избраните и именувани лица треба да покажат солидарност со својот народ во време кога земјата се соочи со коронакриза, економска криза како и криза предизвикана од воениот конфликт во Украина.

<

Со одлуката на Уставниот суд на 21 март годинава, се укинаа одредби од Законот за плата и други надоместоци, со што значително ќе се зголеми основицата за пресметување на плата на функционерите и ќе овозможи зголемување на платата за 78 отсто- јавува СДК.МК

Етички и морално да се направи е функционерите да покажат доблест и солидарност со својот народ, да направат соодветни законски измени за да не го дозволат тоа покачување на нивните плати, коешто е прилично големо“, вели Ќатоски.

Ќатоски смета дека ваквата измена е неопходна оти финансискиот надоместок на избраните и именуваните функционери не треба да биде основен стимул за висока државна функција, туку одговорноста да се придонесе за општото добро и јавниот интерес.

„На овој начин повторно функционерите ќе добиваат и повеќе од просечните плати, но ќе покажат дека се солидарни со народот, а од друга страна ќе покажат и дека функцијата ја преземаат не заради финансиски привилегии туку заради чин одговорност на секој поединец да придонесе за општото добро и јавниот интерес како прашање на чест а не како прашање поврзано со привилегии“, додава Ќатоски.

Уставниот суд минатиот месец со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на избрани и именувани лица овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката се опфатени и уставните судии, но и платите на премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции. Повисоки плати ќе добијат и замениците министри, градоначалниците како и директорите во државни фирми и агенции.

Адвокатот Глигор Ќатоски, минатата година поднесе иницијативата до Уставен суд за укинување на апажаната за сите функционери, со што се укинаа членот 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани или именувани лица. Со тоа оние функционери, пратеници, коишто дале оставка пред истекот на мандатот или пак биле разрешени, во иднина нема да можат да добиваат апанажа која може да трае од три месеци па до една година.

Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...