20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПациентите со цистична фиброза најавија протест ако не добијат одговор до каде...

Пациентите со цистична фиброза најавија протест ако не добијат одговор до каде е набавката „трикафта“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациентите со цистична фиброза ќе одржат протест на 3 мај пред Министерството за финансии, ако не добијат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар. Од Министерството за здравство, пак, велат дека веќе се во фаза на преговори за обезбедување дополнителни средства за набавка на дополнителни количини од лекот „трикафта“.

<

Заменик-министерката Маја Манолева соопшти дека е од голема важност што во рамки на Министерството за здравство се формираше работна група која ќе ги дефинира сите критериуми за вклучување на пациентите за лекување со лекот од кој што имаат потреба, не само „трикафта, туку и за други лекови.

Претседателот на Асоцијацијата вели дека, доколку нема јасни насоки што се случува, тогаш останува работата да се оди на протест пред Министерството за финансии, бидејќи сметат дека ако се обезбеди буџет, работите ќе се одвиваат многу побрзо.

Неофицијално, како што додаде Гаспар, наводно вчера на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.

Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме за сите пациенти. За да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив. Утре мислам дека ќе има состанок во Министерството за здравство, сѐ уште чекаме да биде поканет наш претставник, подвлече Гаспар.

Тој кажа дека мисли оти е за 80 пациенти соодветен лекот.

Заменик-министерката за здравство вели дека сите поенти се во финална фаза на дефинирање, а во фаза на преговори се Министерството со Фондот за здравствено осигурување и Владата за обезбедување на дополнителни средства за набавка на дополнителни количини на лекот „трикафта“, којшто во моментов им е потребен на една група на пациенти со цистична фиброза

Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...