25.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПродолжува мачењето за родителите на Јана, обдукцијата готова, но ќе оди во...

Продолжува мачењето за родителите на Јана, обдукцијата готова, но ќе оди во Институтот за судска медицина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Битолското Обвинителство го добило обдукцискиот наод на петгодишната Јана која почина по примање инфузија со гликоза пред еден месец во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Обвинителството не открива детали од наодот, но со наредба ќе бара изјаснување од Институтот за судска медицина.

<

„Наодот од обдукцијата извршена на Клиничката болница во Битола во поглед на причините за смртта е доставен до надлежниот јавен обвинител. Основното јавно обвинителство Битола го разгледува во контекст на целокупната прибрана медицинска документација, по што ќе биде издадена наредба до Институтот за судска медицина, врз основа на сите прибрани докази да се произнесе околу евентуалната причинско-последична врска на медицинскиот третман со причините за смртта. Родителите на починатото девојче се повикани да дадат свој исказ во Јавното обвинителство“, велат од битолското Обвинителство за „Макфакс“.

Родителите на Јана изминатиот викенд за „Макфакс“ потврдија дека се повикани во Обвинителството и еден месец по загубата рекоа дека се уште поуверени дека лекарска грешка е причина за смртта. Се сомневаат дека лекарите уште веднаш почнале да ја токмат документацијата за да избегнат одговорност па мртвото тело на Јана по реанимацијата го качиле на интензивна нега, а по приближно три часа им кажале дека починала.

Две недели по случајот со петгодишната Јана во истата болница веднаш по раѓањето почина бебе на 24-годишна родилка. Од Обвинителството велат дека обдукцискиот наод кој се очекува да ги открие причините за смртта на бебето, сè уште не им е доставен. Родилката се сомнева дека обдукцискиот наод ќе биде наместен, а на социјалните мрежи јавно се пожали дека и по 12 дена сè уште не добила отпусно писмо од болницата.

Текстот Продолжува мачењето за родителите на Јана, обдукцијата готова, но ќе оди во Институтот за судска медицина е превземен од МАКФАКС.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Африм Фидани е новиот претседател на Врховниот суд

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. -Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател...

Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал...

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...