16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСпоред македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но...

Според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над 5.000 во Мала Преспа

Според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над 5.000 во Мала Преспа.
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе – изјасни се дека си Македонец “.

Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.

„Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија“, стои во повикот.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.

– Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови – изјави Ѓурѓај за МИА.

Го нагласува веќе познатиот факт, дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство единствено во Мала Преспа.

– И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош – додава тој со доза на разочараност.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик и освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над 5.000 во Мала Преспа.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија почнува на 18 септември и ќе трае шест седмици. Како што објавија од Инситутот за статистика, изјаснување на етничката и верска припадност е на доброволна основа, што подразбира дека не мора да се одговори.

EXPRES.MK

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...