6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаШтипјанец дома чувал оружје доволно да се опреми една војничка чета. (Видео)

Штипјанец дома чувал оружје доволно да се опреми една војничка чета. (Видео)

spot_imgspot_img

Штипјанец дома чувал оружје доволно да се опреми една војничка чета. При полициски претрес , кај него се пронајдени три пушки, исто толку пиштоли, поголема количина муниција, како и дополнителна опрема за оружје:
„ Во куќата на М.Б. 44-годишен од Штип пронајдени се автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго)“, информираат од СВР – Штип.
Штипјанецот е приведен во полиција, а пронајденото оружје и муниција се одземени.
Во моментот, полицијата се уште истражува од каде и за која намена штипјанецот набавил и чувал толку многу оружје. Во интерес на истрагата, повеќе детали не се сооштуваат.
Од полицијата информираат дека по завршување и документирање на случајот, против осомниениот ќе биде поднесена кривична пријава.
М.Б. се сомничи за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од КЗ .

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...