21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВесела бугарска математика: Сакаат 2.300 државни вработувања, а во Македонија има само...

Весела бугарска математика: Сакаат 2.300 државни вработувања, а во Македонија има само 3.504 Бугари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија се вкупно 3.504 Бугари, а од Алијанста на македонските Бугари сметаат дека треба да бидат дури 2.300 вработени во државна администрација. Ова е спротивно на бројките од последниот попис и балансерот за вработување во државната служба. Бугарите во Македонија се само 0,19 проценти, па толку проценти вработени им следуваат и во адмистрација. Или според балансерот, тие би требало да имаат само 245 од вкупно речиси 130.000 државно вработени.

<

Сепак самоосвестената бугарска математика е друга, барем според првиот човек на Алијансата на македонските Бугари. Драган Цветковски вели дека Бугари биле и оние кои имале двојно државјанство, иако не се чувствувале така.

-Бројката од 19 645 иматели на двојно државјанство Македонски Бугари, доаѓаме до 1,1% од резидентното население во РСМ, што по балансерот значи дека на Македонските Бугари во моментот им следуваат 2300 вработувања во државна администрација, по веќе постоечките закони во РСМ и тоа пред запишување на Македонските Бугари во Уставот, изјави Цветковски.

Интересни се и позициите кои според Цветковски треба да ги добијат Бугарите во Македонија.

-Има 1354 институции, што подразбира дека на членовите на АМБ-ДНЕС денес им следуваат 2 работни места, во оваа прва фаза профилот на работните места подразбира помошник министер, помошник директор, помошник началник, изјави Цветковски.

Целта на Алијансата на Цветковски е бројот на македонски Бугари во државната администрација да пораснел на речиси 30.000, колку што речиси е бројот на вкупно вработените во администрацијата. Се поставува прашањето дали целта на ваквата пропаганда е што поголем број Македонците да се запишуваат како Бугари со цел да добијат вработување, како што има случаи кога се запишуваат како Турци, Срби, Роми, Власи за да бидат вработени во администрација.

-Затоа АМБ планира да го спречи тоа со имплементација на Агенција за вработување во јавна администрација од редот на Бугарската заедница во РСМ . Преку Агенцијата до 2025 треба да се вработат околу 30 000 Македонски Бугари во институциите во РСМ, вели Цветковски.

Цветковски вели дека тие имале сомнеж дека во Македонија имало вкупно 300.000 луѓе со бугарска самосвест, иако на пописот ги имаше само 3.500. Оваа организација, и преку својот сајт ви нуди да аплицирате за работно место, па дури и прашуваат- дали можеби се гледате како министер, пратеник, советник во општина, обвинител, градоначалник, или пак ималте желба само да се вработите во државна администрација или да сте советник во самото здружение.

Според она што може да се забележи на нивната официјална интернет станица, образованието не е најважно, потребно од класификации е да се чувствувате како Бугарин.

Матеја Петровски АЛФА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...