21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОдземен пасошот на Полицаецот кој ја застрела мигрантката Фатмата во Гевгелија !!!!

Одземен пасошот на Полицаецот кој ја застрела мигрантката Фатмата во Гевгелија !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавното обвинителство ја продолжува истражната постапка за случајот во кој мигрантката Фатмата од Сиера Леоне беше застрелана кај Гевгелија од страна на полицаец. Предметниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. По добивање на извештајот од обдукцискиот наод ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

<

 

 

Предметниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, до Основниот кривичен суд – Скопје побара на осомничениот полицаец да му бидат изречени мерки на претпазливост.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му определи обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено му е одземена патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, велат од Јавното обвинителство за „Слободен печат“.

Фатмата беше убиена на 19 април откако службено лице испука куршум од службениот пиштол. Полицијата излезе со соопштение за настанот, но тоа соопштение е спротивно на она кое го тврдат мигрантите кои биле присутни, вклучително и сопругот на Фатмата Абу Бакар, кој во Македонија побара азил и сака по судски пат да бара правда за неговата сопруга.

Полициската верзија на настаните е дека откако мигрантите биле забележани во две возила, полицијата се обидела да ги запре, а притоа еден од шверцерите, 26 годишниот К.Ј. физички го нападнал полицаецот обидувајќи се да му го одземе пиштолот.

,,Притоа полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите жена, која веднаш била пренесена до Итната помош каде починала, известија од МВР дента кога се случи немилиот настан.

Но, сестрата на Фатмата во видео обраќање до македонската јавност кое го испрати до редакцијата на „Слободен печат“ повикува граѓаните да им се приклучат во барањето на правдата и прашува зошто полицаец пукал во невооружена девојка додавајќи дека немало никаков физички напад врз полицаецот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...