27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСе преврте катамаран во Охрид, патниците во добра здравствена состојба

Се преврте катамаран во Охрид, патниците во добра здравствена состојба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Околу 17.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрчка плажа, има превртен пловен објект.

<

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегле на тереноа на терен и околу 18.00 часот пловниот објект бил пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за катамаран на кој имало три лица.

Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до објектот каде биле сместени.

Извор: Охрид Њус Г.М.
Фото: СВР Охрид

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...