13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаВелешанец фатен како краде автомобил за време на полициски час

Велешанец фатен како краде автомобил за време на полициски час

Полицијата уапси 23-годишен велешанец кој бил фатен како краде за време на полицискиот час.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.30 часот М.А.(23) од Велес бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес.

По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела.

Лицето е задржано во Полициската станица Велес. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...