17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНема купување по акциски цени во маркети до 30 ноември.

Нема купување по акциски цени во маркети до 30 ноември.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за економија предложи до Владата да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември.
Можеби ова изгледа чудна одлука затоа што на граѓаните ќе им скратиме одредено намалување на цените, но не е така затоа што од следната недела ќе предложиме и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Ова го носиме затоа што одредени ланци на супермаркети прават измама со можностите да направат акциска продажба.

<

Ќе се знае точно колку ќе биде цената до 30 ноември и колку ќе биде намалувањето. Моите очекувања се дека од понеделник пред да се донесе мерката замрзнување на цените, да има линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто. Ова ќе биде пренесено како став утре на состанокот со најголемите ланци на супермаркети – истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат, а мерките може да бидат продолжени и после 30 ноември.

-Одлуката за акциска продажба ќе се носи пред понеделник, а датумот за замрзнување нема да го знаат тие. Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи, рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат.

Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...