10.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаПредавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави...

Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот- Вели ВМРО ДПМНЕ.

Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот. Ваква утринска порака за будење испратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.

„Предавникот Ковачевски спротивно на волјата на народот го турка предлогот за бугаризација. Во тоа свое предавство сака да ги вовлече и пратениците од СДСМ кои во Собрание треба да ја гласаат информацијата. Предавникот Ковачевски игнорира народ кој секојдневно излегува на улица и кажува НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација.

Предавникот Ковачевски е подготвен да го жртвува јазикот, историјата и идентитетот.
Власта свесно ја понижува државата, и жртвата на народот во Втората светска војна и Илинденците, кога сме биле на вистинската страна на историјата. Ковачевски сака да ја ретушира историјата.

За ваквиот однос на предавникот Ковачевски кон државата и народот ќе има одговорност. Ковачевски треба да знае дека ќе одговара за сите злодела кои ги направил. Одговорност ќе има“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија, испратена утрово до медиумите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...

Ново пукање во Чаир: Непознати лица му пукале во нога додека пешачел.

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје,...