15.9 C
Ohrid
сабота, октомври 26, 2024
ПочетнаМакедонија28 години од обидот за атентат врз Киро Глигоров- Ниту нарачателите ниту...

28 години од обидот за атентат врз Киро Глигоров- Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати.

На 3 октомври 1995 година врз поранешниот претседател Киро Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 9,50 часот на улицата “Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил „цитроен ами 8“ експлодира кога автомобилот на претседателот минуваше покрај неа.

Понатаму, од сознанија на истрагата се утврди дека автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели.

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и околу 30 информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.
За обидот за атентатот врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година. Претседателската функција Глигоров ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година.

Атентатот над претседателот се случи во мандатот на Љубомир Фрчкоски како министер за внатрешни работи. Неколку месеци од атентатот во 1995, како за можните атентатори разузнавачката служба ја посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија.

Глигоров беше политичар кој бил влијателен и почитуван на македонската политичка сцена пред и по независноста.
Роден во Штип во 1917 година, Глигоров дипломирал право на Белградскиот Правен Факултет. Во текот на Втората Светска Војна, Претседателот Глигоров учествувал во борбата против фашистичките сили и бил секретар на иницијативниот комитет за формирање на АСНОМ. Бил на повеќе важни политички и економски функции во СФР Југославија и во Сојузот на комунистите на Југославија.

Глигоров почина на први јануари 2012 година во 95-тата година од животот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка,...

Жител на Мала Речица чувал дома бомби кашикари и се фотографирал со нив!

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им...

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако...

Месечните трошоци пониски за 57 денари, министерот Дурмиши е уверен – со ограничените маржи граѓаните заштедиле.

Месечните трошоци паднаа за само 57 денари, кај храната и пијалоците се намалени за нешто над 900 денари, но и покрај ваквите скромни бројки...