24.9 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаРазговарајте со семејството за донирање на органи !!!

Разговарајте со семејството за донирање на органи !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија оваа година досега се направени 15 трансплантации на бубрези од кои 11 се од жив и 4 од починат дарител, вели Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон, во пресрет на 7 Октомври, Европскиот ден на органодарителство. Лани се направени 22 трансплантации на бубрези, од нив 12 се од жив и 10 од починат дарител.

<

„Еден дарител може да спаси 8 животи со донација на органи, а да спаси или подобри живот на повеќе од 100 лица со ткивна донација. Во текот на октомври и ноември ќе се организираат поинтензивни и зголемен број активности за подигнување на јавната свест за дарување органи и трансплантација. Европскиот ден за донирање органи, ткива и клетки (ЕДД) има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од органи, ткива и клетки и промовирање на принципот на доброволно дарување со цел да се спасат човечки животи“, вели Ѓоргиев.

Според податоците на Нефрон, лани во земјите на Европската Унија (ЕУ) 36 илјади пациенти добиле орган преку трансплантација, а 41.000 нови пациенти се запишани на листите за чекање. Во 2022, во Европа во просек умирале по 20 пациенти дневно додека чекале за трансплантација .

„Разговарајте на темата со вашите семејства. Висок процент на семејства (до 40%) одбиваат да дадат согласност за донација бидејќи не ја познаваат желбата и одлуката на починатиот. Доволно е само да донесеш одлука за дарителство и јасно да ја изразиш, кога семејството ќе ја знае твојата одлука ќе може да ја исполни и твојата желба. Сите традиционални верски заедници во Македонија го поддржуваат доброволното дарување органи и ткива, сметајќи го тоа за чин на хуманост и личен избор. За потребите на Здружението Нефрон ги контактиравме“, апелира Ѓоргиев.

Денеска во Европска куќа во Скопје се одржа панел дискусијата „Градење функционален систем за дарување органи и трансплантација“, со евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за здравство Фатмир Меџити, националната координаторка д-р Маја Мојсова-Мијовска и Даница Авсек, тим лидер на проектот на ЕУ „Поддршка на системот за трансплантација“.

Процесот на трансплантација од починат дарител во Македонија започна во 2015 по донесените законски измени кои ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 со започнување на мултиорганската трансплантација или трансплантацијата на повеќе органи од еден дарител. Таа година беше направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата за првпат беше направена трансплантација на црн дроб. За период од 3 години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, 3 црни дроба, 9 срца и 20 коскени ткива.

„Трансплантацијата сама по себе спасува животи, но за да еден живот биде спасен треба да постојат семејства кои даруваат. Кога во најтешки разделби од блискиот се дарува, тоа е најмоќниот чин во човековото живеење. Човечка љубов која нема димензија. Го чествуваме овој ден со голема почит кон сите дарители и нивните семејства со едноставна порака: ‘Вие спасивте животи’“, рекоа д-р Мојсова-Мијовска и Даница Авсек, тим лидер на проектот на ЕУ „Поддршка на системот за трансплантација“.

Б. НЕСТОРОСКА Сдк Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР...

Поништена јавната набавка на 120 автобуси!

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за...

Директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката како наставник во истото училиште, иако немала соодветно образование

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование Надворешната канцеларија за криминалистички работи...

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...