18.2 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаТројца полицајци добија кривична пријава: Претепале скопјанец откако го фатиле додека краде

Тројца полицајци добија кривична пријава: Претепале скопјанец откако го фатиле додека краде

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл.131 став 3 во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ.

<

Имено, пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...