0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаUncategorized @mkАвтопатот Охрид–Кичево 10 години подоцна

Автопатот Охрид–Кичево 10 години подоцна

spot_img

Со завршувањето на тековната година истекува и неколкупати продолжениот рок за завршување на изградбата на автопатот што требаше да ги поврзува Охрид и Кичево.
Тоа не значи дека од 1 јануари во новата 2024 година од Охрид до Кичево ќе се вози по автопат. Граѓаните ќе мора да почекаат уште „некоја“ година на современ пат по каков луѓето во развиените држави возат уште од средината на минатиот век…
јавува Гостивар Прес.
Автопатската делница на Коридорот 8 што беше најавувана како мега-проект насочен кон зајакнување на туристичката понуда на Охридско-струшкиот регион почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, за по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена да достигне 598 милиони евра. Сите досегашни рокови се пробиени, а завршувањето на проектот се уште нe е ниту на повидок.

Главни причини за пролонгирањето на реализацијата на проектот експертите гледаат во лошата и непотполна проектна документација, во неочекуваните и непредвидените потешкотии утврдени со геотехничките ископувања, нереализираната експропријација на земјиштето долж трасата и неефикасно спроведените административни постапки.

Експертите од областа на градежништвото го посочија тој проект како пример како не смее да се работи во градежништвото.

Дарко Пешевски, инженер во Јавното претпријатие за државни патишта, посочи дека уште при отпочнувањето на градежни активности на автопатската делница веднаш била констатирана променлива геологија на терен која не одговара со геологијата предвидена со проектите, што директно влијаело врз начинот на темелење на објектите и класата на материјалот за ископ во тунел.

Со отпочнување на градежните активности за широк ископ на траса беше констатирано дека станува збор за променлива геологија на терен. Изведените косини со наклони предвидени во основните проекти во најголема мера појавија одредена нестабилност, а во одредени делови на трасата ваквата нестабилност е изразена во значителна мера што се манифстира во форма на свлечишта. Имајќи ја предвид на ваквата состојба е констатирана потреба од дополнување на основниот проект со изработка на нови проектни решенија за стабилизација и заштита на косини и санација на свлечишта на целата траса од автопатот, рече Пешевски.
Тој уште посочи дека била констатирана и потреба од изработка на дополнителна проектна документација за осум патни јазли и нови алтернативни патишта, натпатници, плочести пропусти за поврзување на населените места и земјоделски површини.

И професорот Јосиф Јосифовски од Градежниот факултет на изградбата на автопатот Кичево – Охрид гледа како како на десетгодишно измачување, последица на неквалитетно проектирање и нефикасни административни постапки и процедури.

Тој проект не е обичен проект и не може да се споредува со изградба на други автопатски делници…Ова десетгодишно мачење се должи на два аспекти, значи причините се двократни. Првите се технички причини што се директно поврзани со квалитетот на проектната документација, меѓутоа и неефикасните административни постапки и одлуки, кои што земаат многу време. Драгоцено време во кое инженеирите неможат да го прават она за што се платени и при тоа се зголемуваат фиксните трошоци, посочи Јосифоски.
Охрид, автопат

Камен темелникот на проектот беше удрен на 22 февруари 2014 година, помпезно најавуван како најголемата инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија.

За изведувач на работите беше избрана кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“, а предвидено беше градежните работи да почнат истовремено на три локации, истите да бидат заокружени за четири години. Согласно договорот меѓу владата и кинескиот изведувач, предвидено беше 51 отсто од луѓето што ќе работат на автопатот да бидат од Македонија. Средствата за финансирање на проектот беа обезбедени преку, како што беше тогаш истакнато поволен кредит од кинеската „Ексим банка“.

Од тој февруари во сега веќе далечната 2014 година досега се изредија неколку министри за транспорт и врски, беа свикувани прес-конференции, владини претставници се изнасликаа на трасата со ветувања за забрзани градежни активности и наскоро завршување на проектот, за една деценија подоцна се уште сообраќајот на таа делница да се одвива на импровизиран пат во изградба, лошо одбележан и необезбеден коловоз со бројни премостувања и што е најважно од се, крајно опасен за учесниците во сообраќајот.

Последните ветувања за негово завршување во последниот зададен рок беа дадени летото, кога министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на градежните работи на изградбата на автопатот на делницата од Охрид до Подмоље.

Бочварски тогаш рече дека се спроведуваат бројни координации, состаноци со 15 институции за да се решат сите проблеми во проектот, да се репроектират косините, да се проектираат клучките, да се решат сите експропријации…за конечно повторно да се работи на овој проект.

Оние кои го направиле проблемот во минатото со отпочнување на изградбата на овој автопат на таков начин, сега критикуваат. Сметам дека ние сме тие кои ги решиле проблемите и сме тука да направиме увид, да направиме дополнителен притисок со цел градежната механизација да продолжи со работа и да се пушти автопатот за сообраќај, рече тогаш Бочварски.
Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

Често сме на терен, даваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот…рече Рустеми.
Но, само неколку месеци подоцна, на Првата конференција за патна инфраструктура одржана токму во Охрид, беа отворени картите, беше кажано она што сите го знаеа, а беше туркано под тепих.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пред учесниците на конференцијата упати сериозни забелешки и критики за динамиката по која се гради автопатот Охрид – Кичево истакнувајќи дека е неприфатливо таа делница да не е завршена после десет години од стартот на градежните работи.

Изградбата започна во 2013 започна со 400 милиони евра, денеска е над 600 милиони евра и нема еден метар асфалт пуштен во употреба. Истекува рокот на крај на годината и сметам дека е крајно време и Владата и Собранието да го разгледа тој договор па ако треба и нека се прекине и нека се даде на друг затоа што ова е веќе скандалозозно и неприфатливо. Треба да се почне кривична постапка за погрешно проектирање. Единаесет нови свлечишта на Кичево – Охрид, Тоа е апсолутно неорифатливо. Десет години проект, да се случува, но намерни грешки при проектирањето и бесконечно одолговлекување на проектите, тоа ги чини живот граѓаните. Колку само сообраќајки имаме на овој пат. Ова е апсолутно неприфатливо и незнам како ќе гласаат пратениците на крај на декември по однос на продолжувањето на тој договор затоа што е скандалозен… Ни помина животот чекајќи да се завршат проектите, рече Груби.
На него се надоврза и премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека ќе побара ревизија на договорот за изградба на автопатската делница од Охрид до Кичево.
Извор: Гостивар Прес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...