24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАрсовска стана претседателка на Нова алтернатива-Јас сум најнапаѓана личност во Македонија.

Арсовска стана претседателка на Нова алтернатива-Јас сум најнапаѓана личност во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ас сум најнапаѓана личност во Македонија. Сите напади врз мене и моите соработници се инспирирани од многу страв. Ако сме толку небитни, зошто тогаш нè напаѓаат? Но, ние имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат. Како нова сила имаме моќ за да влијаеме и да го исполниме тоа што го ветуваме. Затоа ги повикувам сите граѓани да се приклучат, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, на конвеција на партијата Нова алтернатива вечерва во хотелот „Континентал“ во Скопје, на која таа беше промовирана како нејзина нова претседателка.

<

Таа претстави дел од заложбите на Нова алтернатива, во судството, економијата, надворешната политика…

– Со непосредни избори во судството, граѓаните ќе може непосредно да го ценат нивниот интегритет и кредибилитет. На овој начин ќе имаме целосна независност. Да имаме луѓе кои ќе одлучуваат без притисоци.Во предизборието имаме ветување за справување со криминалот, а потоа си соработуваат за амнестирање од криминалот. Потребни се интервенции во Кривичниот законик, за да се спречи колективната пљачка. Постулат е и дигитализација на јавната администрација. Последниот постулат инкорпорира неколку идеи, за да се спречи процесот на иселување, заштита на македонскиот идентитет и членство во ЕУ – рече Арсовска.

За Преспанскиот договор оцени дека сериозно ја има оштетено Македонија, а внесувањето на Бугарите во Уставот според Арсовска е сериозно и траорно прашање.

– Сметам дека договорот кој е склучен и тоа што се бара од нас е навистина асиметрично – рече Арсовска.

Таа посочи дека партијата не е во коалиција со СДСМ, а гостин на конвенцијата беше генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Иако најавуваше нова партија, таа ја презеде веќе постоечката Нова алтернатива, чиј претседател порано беше Ѓорѓи Оровчанец.

Извор:Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...