19.7 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ногачески: Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина...

Градоначалникот Ногачески: Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

👉Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.

<

👉Како што е познато во изминатиот период граѓаните и фирмите кои се водоснабдуваат преку пумпни станици на повеќе пати бевме изложени на притисок од снабдувачот со електрична енергија, ЕВН Хоум,кој користејќи ја монополската положба,која сеуште ја има на пазарот на електрична енергија и постапувајќи спротивно на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучуваше пумпните станици од електричната мрежа,оставајќи ги граѓаните,училиштата,фирмите, ПЗУ за дијализа “Невроплус” Охрид и меѓународниот аеродром “Св.апостол Павле” без вода, со што ги загрозуваше здравјето и животот на граѓаните и особено бубрежно болните пациенти.

👉И покрај од општината искажаната добра волја и преземањето на долгот од 19 милиони денари,некоректниот однос од страна на ЕВН Хоум продолжи и крајно и покрај изречената времена мерка,донесена од Основниот суд Охрид, со која се забранува исклучување на пумпните станици,за 21 Февруари најави ново исклучување.

👉Исклучување,кое никогаш повеќе нема да се случи.

👉Имено,на мој предлог,советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици и обврската за плаќање на тековните сметки за електрична енергија.

👉Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 Февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината.

👉Со промената на снабдувачот во старт ги намалуваме сметките за најмалку 30 %.

👉Имено , ЕВН Хоум киловатот со сите давачки го наплатува 15- 16 денари, а моменталната цена која ја наплатува ЕДС изнесува 9 -10 денари за киловат.

👉Во наредниот период ќе преземеме активности за дополнителна заштеда /промена на пумпите во пумпна станица с.Мешеишта и поставување на фотонапонски централи за пумпните станици во село Мешеишта и село Требеништа,како и зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие,особено во делот на комуналната дејност водоснабдување.

👉И најбитното,граѓаните и сите други корисници повеќе нема да бидат доведени во непријатна ситуација да останат без вода за пиење,поради неплатени сметки за електрична енергија.

👉Покрај редовното сервисирање на тековните трошоци општината и во наредниот период ќе продолжи со капитални инвестиции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...