21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски за автопатот Кичево – Охрид: Овој пат мора да се заврши!

Ковачевски за автопатот Кичево – Охрид: Овој пат мора да се заврши!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Собранието во новиот состав ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот со автопатот Кичево – Охрид, дали тоа ќе биде со истиот изведувач или на крај ќе се избира изведувач што има покажано дека може да се направи пат“.

<

Ова денеска го изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по увидот во изградба на локални улици во скопски Хиподром, одговарајќи на новинарско прашање кога може да биде готов пат Кичево – Охрид, при што посочи дека она што мора да се направи е прво тој пат да се заврши бидејќи, како што рече, граѓаните го заслужуваат тоа, но и градот Охрид, како најголем туристички центар во земјава.

„Ќе ви дадам еден податок, на завршени делници на патот, кој е завршен 80-85 отсто, во последниот квартал на минатата година имаше 13 свлечишта со огромни количини земја паднати врз нив кои сега треба да се чистат, да се репроектираат“ – рече тој.

Според него, овој пат е пример како не треба да се проектира пат од првиот ден. Патот има лошо испроектирани косини, кои уште тоа време, како што рече, пред 10 години се толку лошо направени, што не се предвидело дека на крај завршуваат во Албанија.

„Затоа сметам дека она што го направи Министерството за транспорт и врски е добра работа што се повика експерт што треба да направи анализа на се она што е направено досега, да направи ревизија на она што е направено. Се работи за договор кој е со закон донесен, значи самиот договор е закон во Собранието. Сепак, парламентот во новиот состав треба да одлучи на кој начин ќе продолжи проектот, дали со истиот изведувач или ќе се бара изведувач кој има покажано дека може да направи пат“ – вели Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...