28.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаСлавески за студирањето медицина кај Мерко: Бог нека ни е на помош

Славески за студирањето медицина кај Мерко: Бог нека ни е на помош

На мрежата ,,Х” се огласи Трајко Славески за новата образовна гранка на универзитетот на Рамиз Мерко.
Еден мој поранешен професор на Економски факултет – Скопје, по потекло од Струга и учесник во НОБ, сега одамна починат, кажуваше една анегдота за лекар во неговиот роден град, од периодот меѓу двете светски војни, со диплома од Виена.
Наводно, на што и да се пожалел пациент кај него, му препишувал аспирин. Човек му доаѓа позеленет во лицето, ќе го потчукнел по слабините и ќе го препорачал семоќниот лек.

Според професорот, тој да ти бил од оное Für den Balkan gut (добар за Балканот) лекари со дипломи од европските универзитети од тоа време.

Денес ја прочитав “убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари. Каде на друго место освен на далеку познатиот “универзитет на Рамиз Мерко”.

Дозволата за отворање “студии по медицина” ма овој “универзитет” ја потпишал неговиот сопартиец и министер за образование и наука во заминување, господинот Јетон Шакири.

Значи, по отприлика сто години од т.н. Für den Balkan gut лекари, Струга во наредните неколку години треба да ги “изучи” сопствените медицинари. Практиката ќе покаже само за каде ќе бидат “добри”.

Во овој контекст, се потсетив на уште нешто. При еден мој престој на државниот универзитет Аризона, во САД, во 1997 година, од колегите професори на економскиот факултет разбрав дека сојузната дежава Аризона нема сопствен медицински факултет, туку само еден колеџ на Универзитетот Аризона во јужниот град Тусон. Во тоа време Аризона имаше околу 5 милиони жители.

Денес Аризона има население од околу 7,5 милиони жители, што придонело да се зголеми побарувачката на студии по медицина.

За таа цел, по 2007 година се отворени уште два-три медицински факултети, заедно со тој од градот Тусон, кој во меѓувреме прерасна во медицински факултет.

Значи, со најновиот медицински факултет на струшкиот градоначалник од црната чиста на САД, Македонија ќе ѝ парира на седум милионската Аризона во студиите по медицина.

Се разбира, во квантитет, а за квалитетот – Бог нека ни е на помош!”, напиша Трајко Славески.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Повредата на бебето е настаната при земање крв за анализи“: Комисија ќе го истражува случајот на Детска клиника

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе. МАКЕДОНИЈА ВО ПОНЕДЕЛНИК „Повредата на бебето е настаната при земање крв за...

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во...

Србин ја истепал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија.

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука,...

Бебе во тешка здравствена состојба оставено на улица во Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница. Настанот бил пријавен синоќа...