16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанец со боксови по глава ја удирал мајка му зошто не му...

Велешанец со боксови по глава ја удирал мајка му зошто не му давала пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска ОЈО.
Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствената мајка.

<

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв, објаснуваат од ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој што живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и определи притворска мерка..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...