20.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаДрогата ја криеле во Шраф- Полициска акција на “Skopje Calling”

Дрогата ја криеле во Шраф- Полициска акција на “Skopje Calling”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 05/06.07.2024 година, од стран8а на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведен план за контрола во повеќе угостителски објекти, излетнички места и на концертот “Skopje Calling”, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

<

„Во рамките на извршената контрола, лишено од слобода е лицето И.П. (42) бидејќи кај истиот при преглед на импровизиран бункер во моторцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 паковки со непозната бела прашкаста материја.

Дополнително, во ташничка под седиштето на моторциклот се пронајдени 60 банкноти во апоен од 50 евра и 5 банкноти во апоен од 1000 денари. По консултација со дежурен јавен обвинител, одземени се паричните средства и мотоциклот, по што И.П. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Исто така, при преглед на лицето А.К. (20) пронајдена е непозната растителна материја.

Во рамките на контролната акција, беше извршено легитимирање и преглед на вкупно 29 лица и 5 патнички моторни возила.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на борбата против трговијата со дрога и во наредниот период ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности насочени кон сузбивање на овој, но и на секаков друг вид на криминал“, се наведува во објавата на Тошковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...