19.9 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаСветБора Чорба се бори за живот: „Моето тело испратете го во Чачак,...

Бора Чорба се бори за живот: „Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“

Насловна / Балкан
Објавено на: August 24, 2024
„Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“: Бора Ѓорѓевиќ се бори за живот
t

Еден од најпознатите рокери во регионот, Бора Ѓорѓевиќ, е во болница во Љубљана и е приклучен на кислород.

Како што откри менаџерот на „Рибља чорба“ Бане Обрадовиќ за српски „Курир“, здравјето на Бора Ѓорѓевиќ нагло се влошило, а целата јавност е загрижена за неговото здравје.

Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак, а често јавно изјавуваше дека има трема само во текот на настапите во родниот град.

– Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога го добив признанието за почесен граѓанин. Јас сум од Чачак на привремена работа таму некаде надвор, сите што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – рекол тој низ насмевка.
Тоа признание обично се доделува постхумно, а мене постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша, имам нешто слично во белградската Зоолошка градина, таму постои патека наречена сокакот на Бора – рекол Бора.

– Голема е одговорноста да се свири во Чачак, јас во мојот град секогаш имам трема, па и сега, на оваа возраст – објаснил тој,

Пенсата „Две гитари“ што ја направи заедно со покојниот басист Миша Алексиќ, ја расплака публиката. Освен што ја отпеа, најпрвин им ја рецитираше песната на чачанците, оставајќи им ја во аманет својата последна желба.

„Моето тело пратете го во Чачак, во Србија, Во Љубљана оставете ми го срцето, нека биде тука. Не трошете џабе пари, Не сум толку важен лик“…

– Таа песна извесно време беше хит во Чачак. Ќе биде интересно како звучи денес половина век подоцна. Чачак за мене е чиста емоција. Да речеме, денес добив фотографија од фотографот Војо Пештерац на која сме Бранковиќ, Точак и јас, тоа е непроценливо – рекол своевремено за „Курир“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...