32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПаѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира Обвинителството

Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира Обвинителството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката.

<

JО во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека 6 години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен политички прогон врз овие лица.

Да потсетиме дека со години се води постапка за терористичко загрозување на уставниот поредок против двајца поранешни министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и претседателот на собранието Трајко Велјановски. Овој процес заврши со осудителна одлука во судот во прв степен. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Обвинетите не добија можност да се произнесат ниту да се повикаат на амнестијата која уследи за овој случај.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски претпреа и физички напад во притвор, додека Европскиот суд за човекови права констатираше повреда на човековите права на обвинетите во овој случај. Обвинувањата беа дека се води жестока политичка хајка против обвинетите и дека со години овој случај политички се злоупотребуваше за политичка хајка.

Ваквата одлука на обвинителство на констатирање на битни пропусти во постапката води кон целосно паѓање на целиот случај кој важи за сите позмавачи на правото за жестока конструкциjа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...