14.9 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУжас во Берово: Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало...

Ужас во Берово: Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на друга локација

spot_img

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и ги фрлало остатоците од починатите лица на друга локација.

<

Според информациите од ОВР Берово, пред два дена на местото викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.

Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад. По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација, соопшти СВР Штип.

Подоцна бил направен увид на местото по овластување на Јавен обвинител. Излезено е на увид на гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна, каде биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Притвор и за Асмир Јахоски, Кривичен суд ја преиначи одлуката

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за одредување мерка притвор од 30 дена за Асмир Јахоски, откако ја преиначи првичната мерка...

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал...

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...