А.С од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Лицето било фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.
<
Кога бил претресен, во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.