24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЦрвениот крст: Собрани околу 2 милиони евра за помош на семејствата на...

Црвениот крст: Собрани околу 2 милиони евра за помош на семејствата на повредените и починатите во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Црвениот крст денеска ја изврши и втората исплата за поддршка на семејствата на повредените и починатите во трагичната несреќа во Кочани. Од таму информираат дека поради големиот интерес за донирање, апелот за собирање средства останува отворен. Според податоците од Црвениот крст досега се собрани скоро два милиони евра.

<

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства“, соопшти Црвениот крст.

Од таму додаваат дека во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата.

Црвениот крст, додаваат од таму, заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...