17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаНезависниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами.

<

Јас, Венко Крстевски, како советник имам над 1000 дискусии, над 200 советнички прашања, многу младински иницијативи, над 50 предлози (дел од нив се прифатени/реализирани).

Најавувам дека храбро сам ќе се пријавам во овие најтешки времиња за Кочани да ја извршувам функцијата В.Д. Градоначалник за следните 6 месеци, иако очекувам многу опструкции.

Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере СЕДМИ директор на КЈП Водовод Кочани во само три години.

Јас, Венко Крстевски, секогаш сум бил на страната на народот во Кочани, народот тоа многу добро го знае. Имам изглегувано на сите протести и штрајкови и се имам спортиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да е бил на власт.

Во овој состав на Совет на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков допринос за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани.

Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца.

Јас стојам зад секој мој даден збор, секое мое ветување и идно ветување ќе го остварам.

Кочанчани размислете каков градоначалник сакате да добиете.

Картата е купена, доаѓам!!! – Напиша Венко Крстевски на својот фејсбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...