Христово Воскресение 2 ден Дортмунд
____
На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство митрополитот Европски г.Пимен.
Се отслужи света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г.Пимен и парохискиот свештеник и архиерејски намесник отец Душко Пецов.
Верниот народ се причести со светите тајни.
На оваа св.Богослужба беше обнародена одлуката на Светиот архиерејски синод на,МПЦ-ОА ,со која го ОДЛИКУВА протојерејот ДУШКО ПЕЦОВ со право на носење на ГРАДЕН КРСТ.
После св.Богослужба ,о.Пимен во разговор со претседателот на Црковната општина г.Зоран Ташов даде упатства за престојниот фрескопис и внатрешното уредување на храмот.
Христос Воскресна!