29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаРазрешениот судија поради криминал се врати во МВР.

Разрешениот судија поради криминал се врати во МВР.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лазар Нанев, поранешниот судија од Кавадарци кој беше разрешен од функцијата во октомври 2024 година поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го судел, од 15 јули 2025 година е повторно вработен во Министерството за внатрешни работи – на позиција инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција.

<

Како што потврдуваат од МВР за „Скопје1“, Нанев го искористил своето законско право да се врати на претходното работно место во рок од 30 дена по престанокот на функцијата судија. Пред да стане судија во 2002 година, Нанев бил вработен во МВР, а неговиот работен однос тогаш бил ставен во мирување со решение на тогашниот министер Љубе Бошкоски.

Поради престанување на причините за мирување на работниот однос, односно разрешувањето од судиска функција, Нанев поднесе барање за враќање на работа. Врз основа на тоа, согласно Законот за работни односи, е вратен на позиција што одговара на неговиот степен и вид на стручна подготовка“, информираат од Министерството.

И покрај тоа што повторно е вработен во полицијата, Нанев сè уште се соочува со кривично гонење за истиот случај поради кој беше разрешен. Судскиот процес против него е закажан за крајот на септември. Станува збор за сериозни обвинувања кои ја нарушија довербата во судството, а неговото враќање во МВР веќе предизвикува реакции во јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...