12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторите го одбележаа празникот Св. Козма и Дамјан празникот на вечните лекари.

Докторите го одбележаа празникот Св. Козма и Дамјан празникот на вечните лекари.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И годинава во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан – вечните лекари на болните и сиромашните.Image may contain: 7 people, people standing

<

Денеска на празникот на овие светци, пред темелите на малата црква во изградба, во кругот на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, отец Димитар Крцев од Струмичката Епархија одржа празнична литургија за здравје на сите. Годинашното, по шести пат одбележување, го организира персоналот на Одделението за уво, нос и грло при оваа здравствена установа, предавајќи го кумството – славата на вработените во Детското одделение. Инаку, Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Овој празник меѓу народот е познат како Свети врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач (враж) и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значи лекар. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

ЗА ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ ПРИТИСНЕТЕ ТУКА:ФОТОГАЛЕРИЈА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...