21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев мислел дека разговарал и со Грета па откриле дека и тоа...

Заев мислел дека разговарал и со Грета па откриле дека и тоа е лажен идентитет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред неколку дена, разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што беше злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг, објави денес Марјан Забрчанец, ПР советник на премиерот Заев во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество.Тој во своето излагање соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.„Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба”, додаде Забрчанец.

<

Според него, овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможила да биде разоткриен и разобличен.

Забрчанец во своето излагање уште додаде дека ваквите софистицирани хибридни напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества, но дека македонската влада нема намера да отстапи од отвореноста и транспарентноста за која се залага.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...