16.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаЗабаваПогледнете како изгледа ова куче кое беше постојано малтретирано низ улиците на...

Погледнете како изгледа ова куче кое беше постојано малтретирано низ улиците на Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонските спасувачи и љубители на животни пронашле куче кое изгледало како чудовиште. Никој не сакал да го вдоми ниту да му помогне, освен една прекрасна група на луѓе која знаела дека пред неа стои долг пат до закрепнување.

<

Сите со своите срца верувале дека, кога ќе закрепне, ќе биде прекрасно куче. Тој го добил името Луи.

Кога го пронашле, Луи немал ниту едно влакно на кожата и изгледал како подвижен костур. Неговата кожа била црвена и воспалена од шугата која ја имал, а поради болеста и изгледот, локалните селани постојано го тепале.

Но, Луи имал среќа – го спасиле волонтери од организацијата “Saving Macedonian Strays” и иако се сомневале дека ќе преживее и ќе закрепне доволно за да биде спремен за вдомување, тие одлучиле да се обидат. И покрај лошите прогнози, Луи одлично закрепнал.

Организацијата ја контактирала Елизабет Бел, директорка на болницата за животни “Пени Џоунс” од Камбрија, Англија, која се одзвала на повикот и дошла во Македонија за да му помогне на кучето да закрепне и да пронајде среќен дом во Англија

“Мислев дека неговото закрепнување ќе биде многу тешко и дека ќе биде тешко да му пронајдеме ново семејство. Немаше ниту едно влакно на телото и изгледаше ужасно. Сега тој е како мечка – има прекрасно крзно. На почетокот беше малку срамежлив со луѓе, но брзо се опушти и стана разиграно и весело куче. Голем, нежен џин од куче”, изјавила Бел за “Metro”.

Таа додала и дека Луи живеел со други кучиња и смета дека тие играле голема улога во неговото закрепнување.

“Среќните кучиња им помагаат на трауматизираните кучиња полесно да закрепнат”, изјавила таа.

Луи денес живее со неговиот сопственик, девојката Моника која не можела да поверува во какво прекрасно животно се претворил тој. Луи денес тежи околу 50 килограми и живее среќен живот со семејство кое му пружа многу љубов и нежност.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...